На првата седница на економско-социјалниот совет ќе е разгледува барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра, најави денеска новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши. Тој не кажа за кога е планирана првата седница, но уверува дека на дневен ред ќе бидат сите отворени прашања и од сидикатите и од работодавците.
-Во рамките на Економско-социјалниот совет, со кој сега ќе претседавам јас како министер за економија и труд, кое е највисоко тело составено од претставници и од синдикатите, и од работодавците, и од Владата, ќе почнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавците. Со реорганизацијата што се прави сега со новата Влада ќе се формираат нови членови и ова прашање на првиот состанок ќе биде ставено на маса за дискусија. Кака Влада од особено значење ни е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на новата мерка за ова прашање. Мора да ги имаме предвид интересите на работниците, но и интересите на бизнис-секторите, рече министерот Дурмиши.
Тој извести дека во меѓувреме продолжува процесот за подготовка на новиот закон за работни односи и законот за безбедност при работа. Дурмиши извести дека од денес па натаму ќе се посвети преку креирање мерки да почне нов циклус за економско заживување на државата и подобрување на работничките права.