За 72 часа казнети 18 лица, возеле и си муабетеле на мобилен телефон

Вкупно 18 возачи биле казнети од страна на полицијата во изминативе 72 часа поради недозволената употреба на мобилни телефони додека управуваат со возилата. МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашните контроли се казнети седум возачи. Завчера, пак, се санкционирани шест возачи, а пред два дена – пет. Користењето на мобилни телефони за време на возењето значително ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Но, и покрај ова, скопските возачи не се откажувата од оваа лоша навика.

Инаку, само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 122 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 26, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила.

Изречени се и пет санкции за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Претходна вестИницијатива „НаТочак“: Ако се усвои регулациски план за Влае 2 ќе нема велосипедска мрежа
Следна вестУбаво: Клупата на Горан Стефановски наскоро ќе пристигне во Скопје