За брзо возење на автопатот Скопје-Куманово и патот Арачиново-Куманово казнети 144 возачи

Вкупно 144 возачи се казнети проади пребрзо возење во текот на зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 144 санкционирани возачи, 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Претходна вестСДСМ контра Пендаровски: На 27 април се случи тероризам, а тоа го потврди и судот
Следна вест37 починати и 365 нови случаи на Ковид-19