За два дена три напади врз полицајци во Аеродром, Матка и Орешани

Три напади врз полициски службеници се случиле во изминативе два дена од страна на четворица скопјани. Полицијата соопшти дека вчера околу 22.00 часот на клучката Матка од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен М.М.(48) од с.Семениште, скопско, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале работни задачи.

На 27.10.2020 во 17.10 часот на подрачје на Аеродром бил лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник. Против него ќе следи соодветен поднесок, се наведува во инфорамцијата.

Ноќеска во 01.45 часот на раскрсница на пат од с.Орешани со с.Таор, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени С.Д.(25) од с.Таор и С.Г.(22) од с.Орешани.

-Тие физички нападнале полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вестВело Марковски: Има 12 причини за одговорност на Венко Филипче
Следна вестОпозиционерите и Филипче во клинч на комисиска расправа за мерките