За два денари поскапува Еуросупер БС-98

3

Од полноќ поскапува Еуросупер БС-98, додека цените на останатите енергенси остануваат непроменети, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар.

Освен на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот, непроменети остануваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство и Мазутот.

Претходна вестМуцунски до ЕУ: Билатералните прашања не смеат да станат пречка
Следна вестПретрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем