За два дена приведени пет лица во Скопје, сите имале марухуана, прашката материја…

Пронајдена марихуана, прашката материја и други недозволени предмети се причина за приведување на пет лица во овие два дена, соопшти полицијата. МВР информриа дека ноќеска во 01.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(36) и 20 – годишната А.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети. Малку подоцна, во 00.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 16.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Влера во 15.20 часот, пак, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Г.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, наведува полицијата.

Против сите овие лица по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестУтре се отвора 36 издание на Саемот на книга
Следна вестСо многу труд стасав и до светски јуниорски натпревар во уметничко лизгање