За една недела починаа 204 лица од вирусот, најмногу новозаболени постари од 60 години

Во периодот од 16 до 22 ноември пријавени со 204 смртни случаи од 24 градови, што е зголемување од 18,6 проценти во однос на минатата недела, се наведува во денешната анализа на Институтот за јавно здравје. Споредувајќи ги податоците со неделата пред ова ИЈЗ наведува дека в однос на возраста на починатите, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години.

Во овој период регистрирани се 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.255 или 43,5 проценти). Во овој период, процентот на позитивни од тестираните лица изнесува 38%.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.818, односно 24,3 проценти). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (1.496 или 20,0 отсто), 30-39 (1.474 или 19,7 отсто), 50-59 (1.348 или 18,0 отсто) и 20-29 (978 или 13,1 процент). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (85 или 1,6 отсто) и 10-19 години (287 или 3,8 отсто).

Претходна вест„Пајакот“ во Центар за една недела собрал 125 возила, на 101 ставени блокатори
Следна вестОколу 300 војници и 150 полицајци ке ги обезбедуваат болниците