Државниот завод за статистика е комплетно подготвен за претстојниот попис, изјави денеска директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
Тој уверува дека пописот ќе се спроведува под многу строги протоколи и како што рече на денешната прес-конференција, гарантира дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваат протоколите и дека нема да го загрозат здравјето на ниту еден граѓанин.
Но на прашањето, дали попишувачите ќе бидат вакцинирани против ковид-19, тој рече:.
-Дали некој е вакциниран или не е небитно, битно е дека ќе ги почитуваме протоколите, изјави тој.
Пописот треба да почне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава и тој како што рече Симовски е задолжителен, а не доброволен.
Прашањето околу тоа дали попишувачите ќе бидат вакцинирани е актуелно во јавноста, особено откако Владата донесе рестриктивни мерки со кои се ограничи пристапот на невакцинираните и оние кои прележале пред повеќе од месец и половина во кафеаните, моловите…
Па оттука е и прашањето, како тогаш лицата кои во текот на денот ќе имаат контакт со голем број луѓе може да бидат и невакцинирани, само со мерки како маска и дистанца? Како тие не претставуваат ризик, ако се има предвид дека и о моловите задолжителни се маски, дезинфекција и растојание и плус има редари, додека во домовите ниту некој ќе види колку луѓе се ввнатре ниту дали се носи заштита. И што ако некој од домаќините е позитивен?