Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ заеднички ќе го посетат манастирот Прохор Пчински на 2 август за да ја одбележат 80-годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ.
Предвидено е претседателката Силјановска прво да го посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце каде ќе има и свое обраќање, а потоа да отпатува и во манастирот Св. Прохор Пчински, каде е предвдиено да се поклони пред спомен плочата на АСНОМ.
Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја предводи владината делегација на Мечкин камен каде што ќе се одбележи 121 година од Илинденското востание.
Во Скопје денот на Републиката ќе се одбележи со манифестација на тврдината Кале, каде обраќање ќе има претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши.