На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла вкупно 557 санкции, меѓу кои 52 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.
-Имало и 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 59 мерки за технички неисправни возила и 16 санкционирани мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.
Да се надеваме дека полицијата ќе биде уште поревносна и ќе го искорени поголемиот дел од сообраќајната некултура. Опасно е што на многумина им стана хоби да возат без возачка дозвола, да возат пребрзо, да не распознаваат бои на семафорот…