За неносење маска казни за 750 граѓани

Вкупно 750 прекршоци за неносење маска против вирусот, изрекла полицијата во изминатово деноноќие, соопшти МВР.

Санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена – 10 евра. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Од почетокот на примената на оваа мерка на 1 мај годинава па до 10-ти септември во Македонија изречени се вкупно 52.545 прекршоци против 52.543 граѓани.

Претходна вестИма ли Заев вила на Халкидики или не?
Следна вестМоторџија тешко повреден по удар во тротоар