За неносење маски казни за 379 граѓани

Казна во износ од 20 евра во денерска противвредност ќе треба да платат 379 граѓани заради неносење на заштитни маски. МВР денеска соопшти дека толку граѓани направиле ваков вид прекршок во изминатово деноноќие.
Носење на заштитни маски е задолжотелно во затворени простории и на јавни простори каде што не може да се обезбеди дистанца од два метра растојание.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19
Претходна вестИ денеска попладне нестабилно време со дожд
Следна вестДо крајот на годината кинеската вакцина против вирусот ќе биде комерцијално достапна