За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани

Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.

На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив најмногу македонски државјани, информираа денеска од МВР.

–На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.

Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава велат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез.

Претходна вестМицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
Следна вестВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните