За Русија пожарот во нуклеарната централа е провокација од Киев, Кина повика сите страни да ја гарантираат безбедноста

По заземањето на нуклеарната централа кај градот Енергодар во Украина и по вестите дека таму имало гранатирање и пожар се огласи и руското Министерство за одбрана.

-Пожарот во нуклеарната централа Запорожје е резултат на провокација на Киев, кој се обидува да ја обвини Русија за создавање жаришта на радиоактивна контаминација, соопшти руското Министерство.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини Русите за намерно гранатирање на шесте реактори на централата користејќи тенкови со термичко снимање.

Во врска со ова се огласи и кинеското Министерство за надворешни работи и ги повика сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина.

– Ќе ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност, да избегнуваат ескалација и да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки, изјави портпаролот на кинеското Министерство.

Претходна вестСкопјанка со нож го нападнала и повредила партнерот
Следна вестКамион се преврте откако удрил во наплатна рампа која се гради кај Кадрифаково