За Шолц е горчлив успехот на десничарската АФД на регионалните избори

Политичката слика во Германија се менува по двата регионални изборни резултати. Десно ориентираната партија АФД победува.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарече „горчливи“ резултатите од овие избори кои и донесоа голема победа на АФД и ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти“.

На изборите изминатиот викенд во Тирингија, Алтернатива за Германија (AФД) стана првата изразено десничарска партија која победи на регионалните парламентарни избори во Германија по Втората светска војна. Инаку, AФД беше зад конзервативците во Саксонија, покажаа проекциите доцна вчера.

Но, АфД, која безбедносните службеници во двете источногермански покраини ја сметаат за „десничарски екстремист“, веројатно нема да може да владее бидејќи другите партии до сега одбиваа да соработуваат со неа при формирањето мнозинство. Сепак, оваа партија би можела да заврши со доволно места во двете држави за да ги блокира одлуките за кои е потребно двотретинско мнозинство, како што е назначувањето судии или највисоки безбедносни функционери, што и дава моќ без преседан, пренесуваат медиумите во регионот.

-Резултатите на АфД во Саксонија и Тирингија се загрижувачки, рече Шолц во изјава за Ројтерс.

Претходна вестМицкоски: Барањето за интерпелација за Гаши е незрело и би рекол глупаво однесување
Следна вестЈаневска: 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите