При активности за откривање и спречување незаконит риболов, полицијата одзела над 100 парчиња охридска пастрмка незаконски уловена во Охридското Езеро.
Имено, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, полицијата пронашла рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми, соопшти МВР.
Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.