Зачестија ноќни пресметки во Белград – двајца мажи избодени ноќеска, едниот починал

Во Белград синоќа двајца мажи биле избодени со нож на две различни локации со разлика од една минута, јавува Нова.рс.

Првиот човек е избоден со нож во 0:54 часот на Теразије, во близина на хотелот „Москва“. Мажот е тешко повреден и е пренесен во Ургентен центар за реанимација.

Уште еден маж бил избоден минута подоцна, во 0:55 часот на аголот од улиците Добрачина и Дунавска, кој исто така бил пренесен на реанимација, соопштија од итната помош, пренесува Нова.рс. Телеграф јавува дека вториот маж починал и дека има две убодни рани.

Претходна вестСДСМ со ветувања: 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата во новиот мандат
Следна вестВодно не може да чека пошумување само пред избори