Пописот нема да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта на статистичката операција е да се знае колку граѓани има во Македонија, а колку се надвор, вели премиерот Зоран Заев.
Премиерот образложи дека Законот за употребата на јазиците и правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, бројот на резиденти или нерезиденти.
Тие податоци ќе се користат за креирање на економските, социјалните, културолошките и другите ресурсни политики, а не за политички отстапки.
Тоа го опиша вака: Ако се испразнило некое село и тука повеќе не живеат луѓе, парите ќе се пренасочат за развој на друго село или на градот.