-Не е време за предвремени избори, бидејќи тие ја стопираат државата во натамошениот развој и патот кон евроинтеграциите, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали е согласен за предвремени избори заедно со локалните избори на есен како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот е уверен дека приоритетот во наредниот период ќе биде подобрување на стандардот,нови инвестиции и отварање на работни мести, наместо избори кои според него ќе го стопираат економскиот развој.
– Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат ваквите инвестициски проекти и севкупната економија. Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува , сите тешки одлуки кои се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отварање на нови работни места. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, истакна Заев.