Лидија Димова мора да поднесе одговорност, и јас лично го прифаќам предлогот за нејзино разрешување, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Иницијатива за разрешување на директорката на Национална агенција за образовни програми вчера ја покрена Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, откако се откри како биле делени големи пари на фризерници и за тренирање на магариња.
-Не можам да кажам за Владата, јас лично тој предлог ќе го прифатам, односно доколку Владата се согласи ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи поради етички дел. Другиот дел е нешто што го работат други институции, ние не сме надлежни за евентуална кривична одговорност. Тука имаме доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорноста и се согласувам дека Владата треба да реагира при вакви прашања. Не повеќе за тоа дали требало да се финансира едукација на фризери, туку за односот кон вас новинарите и медиумите не е доволно отчетен и рамноправен, рече Заев.