Заев: До крајот на април треба да стасаат вкупно 300.000 вакцини

До крајот на април во Македонија треба да стасаат вкупно 300.000 различни вакцини против корона вирусот, најави денеска премиерот Зоран Заев. На прес-конференцијата посветена на економските мерки на Владата, тој одговори на новинарско прашање врзано за набавката на вакцините.

-Во текот на нареднава недела ќе добиеме меѓу 20.00—25.000 вакцини од ЕУ во рамките на нејзиниот пакет за Балкан. Треба да стасат и први количества од „Фајзер“ и втора пратка на вакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс-механизмот. Очекуваме и 200.000 кинески вакцини, како и поголем дел од руските, најави премиерот.

Дали вака навистина и ќе биде – останува да се види, до сега беа кажувани многу крајни рокови, па потоа беа пролонгирани.

Претходна вестEMA: Секоја држава самостојно да одлучува за примената на „Астра Зенека“
Следна вестКире Лазаров испиша историја во ЛШ