Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор, го осудиле „националистичкиот популизам“ од двете страни

-Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

Извори блиски до Ципрас за медиумот откриле дека поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.

Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни, означувајќи го како лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија, пренесува медиумот.

Претходна вестБројот на загинати во поплавите во Бразил се зголеми на 147
Следна вестПо три децении целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” во Кисела Вода