СДСМ и Беса ќе коалицираат и на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, најави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
-Коалицијата СДСМ – Беса минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата, напиша Заев на Фејсбук.
Според него со претседателот на Беса, Билал Касами, се согласиле дека партнерството во коалицијата ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори.