Новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери кои се дел од парламентарното мнозинство.
Од СДСМ велат дека станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалициските партнери, како и идната соработка во коалицијата.
Се очекува до крајот на неделава да се изврши и официјално примопредавање на лидерската функција во СДСМ откако Ковачевски завчера на внатрепартиски избори беше избран за нов претседател на местото на Заев, кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.