Премиерот Зоран Заев не сака да ги коментира изјавите на претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со последните настани во државата воопшто за работата на ВЛадата. Напротив, вели дека Пендаровски одлично ја врши својата функција, дека е коректив на Владата и дека неговите критики секогаш ги сфаќа најдобронамерно.
-Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, опдговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.
Пендаровски досега во повеќе наврати искажал спротивни ставови со Владата. Последното беше во однос на трагедијата во тетовската модуларна кови-болница кога во интервју рече дека ако бил на местото на Филипче веднаш ќе си поднел ставка.
Вчера во интервју за „Дојче веле“ Пендаровски рече дека не му се нарушени односите со Владата и оти во изминативе 28 месеци со Владата немал ниту едно разидување околу стратегиските прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи.