Заев: Мицкоски не може да ја одржи опозицијата, камо ли да прави мнозинство

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ги посочи можните грешки кои довеле до неоекувано лош резултат на локалните избори.

Според него тоа што 35.000 нивни поддржувачи не гласаа, неотвореноста на некои градоначалници и кандидати кои не ги решавале проблемите на граѓаните, недоволните реформи, но и тоа што ЕУ не дааде датум за преговори се клучните работи кои довеле до тоа

-Не сме сјајни, имаме слабости, но сме подобри од нашите противници, рече Заев посочувајќи дека за цело ова време додека се на власт прават промени, и на директорски места и во Владата, и во партијата.

Тој спомена бројка од околу 35.000 гласачи нивни поддржувачи, кои или останале дома или преминале кон независни листи и со тоа го казниле СДСМ.

-Ние ги изгубивме нивните гласови. До тие се обратив, кои не сакаат да се врати режим, да биде молк, да имаме кавги и дома и со соседите, сакаат интеграциии. До тие се обративме, а седејќи дома ќе го овозможат токму тоа против кое се бореле, рече Заев.

Исто така, рече и дека и еден дел од политките се одразиле па ја спомена ЕУ.

-ЕУ ни вети за тоа што го направивме но не испорача. Можеби Бугарија е вината, но ЕУ требаше да најде начин да испорача. Не ѝ е лесно на ЕУ, но и нас не ни беше лесно, ни на граѓаните да ги донесеме тие одлуки на референдум, рече Заев на прес- конференцијата.

Според него, не е возможно ново парламентарно мнозинство бидејќи, како што рече, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал проблем да се одржи и во опозиција.

 

Претходна вестНови 487 заразени – починати се 15 лица за 24 часа и пет од порано
Следна вестУжас во Скопје: Жена изгоре во пожар