Премиерот Зоран Заев и понуди на опозицијата да влезе во владата. Пoнудата, која како што рече самиот, за првпат ја кажува, дојде преку интервју за „Слободен печат“.
-Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат, изјави Заев во интервјуто.
Целта на ваквиот предлог е, како што вели Заев да се надминат поделбите меѓу народот.
Но, понатаму, делумно изрaзува песимизам дека оваа негова идеја за широка влада е возможна мисија, но не поради него, туку поради Мицкоски, бидејќи како што вели и со Груевски можел да најде решение, но со Мицкоски не може.