Заев: Најдоцна до утре ќе се прогласи 30-дневна кризна состојба

Уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена, најави премиерот Зоран Заев по денешната седница на Советот за безбедност.

-Управувачкиот комитет треба во најбрз рок да предложи на Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утревечер ќе ја одржиме седницата на Владата. Ако бидат подготвени сите институции, во делот на правно-формалниот аспект, ние сме подготвени вечерва тоа да го направиме, но најдоцна утревечер сум убеден дека ќе стигнеме да прогласиме 30 дена кризна состојба, рече Заев.

Премиеот Заев не ја исклучи можноста од воведување полициски час, но сега тоа не се разгледувало.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на целата територија. Претходно кризна состојба беше прогласена на регионот околу јужната и источната граница поради напливот на мигранти.

Претходна вестМалолетник повреден од петарда
Следна вестДржавата ќе менаџира со приватните болници при справување со вирусот