Заев не е веќе претседател на СДСМ, ќе го наследел „човек со квалитети“, но ќе продолжел да се „пазари“ за ново мнозинство

Синоќа после полноќ, се одржа прес-конференција во СДСМ на која партискиот портпарол Богданка Кузеска објави дека централниот одбор ја констатирал оставката на претседателот Зоран Заев. Кој ќе биде наследникот и дали се дискутирало за конкретно име кое деновиве се споменува во јавноста – и никој од СДСМ не го демантираше, таа не одговори. Рече само дека на ЦО „станувало збор за коментар за квалитети на еден човек, а претседателот ќе се бирал на внатрепартиски избори на 12 декември“. Оваа реченица таа ја повторуваше неколку пати, не демантирајќи го ниту еднаш името на Димитар Ковачевски (заменик министер, кој се појавуваше со него на состаноците за ново парламентарно мнозинство со Африм Гаши).

Кандидирањето започнува денеска и ќе трае седум дена, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата.

Како што рече портпаролката, улогата на Заев по симнувањето од челната позиција ќе била „активен член кој секогаш ќе работел во интерес на партијата”. Но, му било оставено овластувањето да ги продолжи преговорите со Алтернатива како и други партии за проширување на мнозинството.

Што се однесува пак до состојбата со распределбите на парламентарните сили, на прес- конференцијата синоќа беше кажано дека власта има 61 пратеник во моментот, ама кој е 61-от Кузеска никако не сакаше да открие.

Претходна вестОблачно со повремен дожд и ветер
Следна вестВечерва премиера на „Нема да биде крајот на светот“ во МНТ