Не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција тој рече дека недостигот на вакцини предизикува проблем секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во Македонија.
-Имаме работа треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните, рече тој најавувајќи дека во земјава до крајот на месецот се очекуваат 300.000 различни вакцини.
Инаку, тој најави дека Владата размислува за формирање два посебни штаба, едниот во кој ќе учествуваат и министрите за надворешни работи, за европски прашања и за одбрана, како и министерот за здравство за поефикасно транспортирање, прифаќање и диструмуција низ земјата за вакцините кои се нарачани. Во вториот, пак, како што рече Заев, ќе бидат вклучени МВР, ЦУК, ДЗС за подобра организација на процесот на вакцинација.