Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори.
-Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата, рекол Заев на средбата со Линхарт.
Како што претхоно беше објавено, утре Заев ќе се сретне со лидерот на Алтернатива Африм Гаши со цел приклучување на оваа позициска партија кон владејачкото мнозинство и во Владата.