Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември, велат од кабинетот на Зоран Заев и ги нарекуваат неточни информациите дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката.
Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.
Зоран Заев во неделата вечерта по вториот круг од локалните избори, изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите изборни резултати, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат. Тој исто така ја отрли идејата дека се потребни предвремени парламентарни избори.