Заев: Нема одложување на пописот

Не се размислува за одложување на пописот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Пописот, не само што не смееме да размислуваме за одложување, тоа е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа. Еве и опозицијата со своите барања, прифатена, вградена внатре, сите да спроведеме попис заради тоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција, изјави Заев.

Тој е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември, вели Заев, одговарајќи на новинарско прашање, при то упати апел за пријавување на попишувачи.

-Апелирам уште еднаш до граѓаните, примањата се од 25.000 до 45.000 денари за овие 25 дена работа. Апелирам граѓаните посебно во општините каде има дефицит да се пријават за да може да се заокружат навремено сите бројки. Верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Апелирам до сите, дали се институции, приватни фирми, пред се кон граѓаните, но и политичките субјекти да помогнат во обезбедување на вкупните бројки на попишувачи, рече Заев.

 

Претходна вестВо Скопје ќе се гради фабрика за 70 вработени и плати од 600 до 2.000 евра
Следна вестПлатите, пензиите, социјалната помош на граѓаните со истечени документи „блокирани“ во банките