Заев очекува Џафери да објасни зошто во ЕП говореше на албански јазик

Премиерот Зоран Заев очекува од спикерот Талат Џафери да зошто на една од трите сесии во Европскиот парламент говореше на албански јазик.

Тој денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека претседателот на Собранието е еден од главните чувари на Уставот и очекува сите да бидат пример на негово почитување.

– Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик, испровоциран точно од некои поединци од соседна Бугарија коишто секако укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици кое што секако никако не е точно. Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици, рече Заев.

Претходна вестСамо вчера дури 300 казни за пребрзо возење
Следна вестПознатата Адвокатска улица ќе добие нов лик