Заев одлучил за оставките, ОЈО и судот да одлучат дали има индивидуална одговорност

Јавното обвинителство и судот ќе одлучат дали има некоја човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност за пожарот во модуларнта ковид-болница во Тетово и тие процесите ќе ги процесуираат, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека не амнестирал никого за трагедијата во која загинаа 14 лица.

– За да амнестирате некој прво треба да биде виновен, односно да има покренато постапка за  негово сомневање, обвинение или докажана вина или слично, а се работи за етички осврт, морален осврт на министерот и на заменик-министерот, луѓе кои со својот професионален и личен ангажман многу дадоа во целиот наш здравствен систем посебно во поглед на пандемијата со Ковид-19, а и тоа како ни се потребни во периодот што престои пред нас затоа што бројките се стабилни на едно плато се држат, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Тетовската болница сега нема да добие нoви директори поради изборниот период. Заев денеска повтори дека нивните оставки се неотпоикливи и нови ќе бидат именувани дури во ноември.

Претходна вестОткако основно се описменивме, сега МОН ќе не описменува финансиски
Следна вестОд денеска уверенијата за казнена евиденција ќе се вадат дигитално