Заев: Попис мора да има за владата и градоначалниците да не работат во матно

И денеска премиерот Зоран Заев посочи дека пописот на населението во Македонија е неопходен и мора да се реализира.

– Во Владата, на локално ниво, градоначалниците, сите државни, локални претпријатија, сите приватни фирми, па и целиот наш народ, работиме во магла, во матно, не ги знаеме бројките. Не знаеме колку сме, каде сме распоредени, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индикации за зголемување на економскиот раст на државата, потенцира Заев.

Тој пак нагласи дека пописот е статистичка операција и наша должност е да ја направиме.

-Предвиден е да се спроведе од 1 до 21 април и тој треба да се заврши. Уште еднаш ќе повторам. Налето никаде не се прави попис, септември е кампања, октомври се локални избори. Ако одлагаме, за кога да одложиме. За мај? Тоа нема ништо да смени. Треба да се фокусираме сите одговорно да го завршиме пописот, а тоа е граѓанска обврска јасно утврдена со закон. Ако сме држава, треба државнички да се однесуваме и државнички да се поставиме. Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани, заклучи премиерот.

Претходна вестДневна ковид – статистика: 389 нови заразени и четири починати, нема смртен случај во Скопје
Следна вестНоќеска повремени врнежи, од утре пороен дожд и силен ветер, за викенд снег