Откако неодамна дел од медиумите објавија дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сака да се кандидира за претседател на СДСМ, актуелниот лидер на владејачката партија и премиер Зоран Заев вели дека тоа не е можно.
– Бандити и криминалци останува веројатно да прават шоу во делот на шоуто кое што и претходно го правеле. Веројатно се случуваат веќе вакви шоу од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел. Бојан Јовановски е таков каков што е, го знаеме сите во државата, жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер, изјави денеска Заев.