Никој не е венчан за ниедна функција ниту, пак, од татко му е наследена. Секој е заменлив, но истовремено не смееме да се поставуваме несоодветно затоа што некој поради скриени политички побуди или други скриени намери бара нешто, вели премиерот Зоран Заев, за тоа што треба да се случи кај нас, за да се разбуди моралната одговорност кај претставниците на власта.
Тој вели дека такво чувство има и ги посочи министерот Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, кои поднесоа оставки по трагедијата во модуларната болница во Тетово. Но, и денеска не кажа како ќе постапи туку дека ќе ја чека истрагата.