Заев за пописот: Дебата е завршена, нема одложување

Дебатата за пописот е завршена и тој ќе се спроведе од 1 до 21 април.

– Какви и да беа коментарите за евентуално одложување или не, завршија. Од 2012 година наваму во земјата се води дебатата, откако не успеа пописот. Цели девет години како дебатираме за попис. И, доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека методологијата е објавена и одговорени се сите прашања, а обврска на секој граѓанин е да се попише, бидејќи има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување.

 

Претходна вестАнкета: Граѓаните на ЕУ најмногу се плашат од сиромаштијата
Следна вестВладата утре ќе одлучува за 30 старо-нови антикризни мерки