Заев: Заводот за статистика ќе го спроведе пописот во април 2021

Пописот во Македонија ќе се спроведе во април идната година. Ова го потврди денеска премиерот Зоран Заев. Тој порача дека пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично.

– Пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што ни требаат во државата и тоа треба да го спроведеме. Одговорност е на секој граѓанин, не на Заев и Мицкоски, истакна премиерот.

Заев нагласи дека пописот ќе го спроведе Државниот завод за статистика и ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови.

– Да си ги пополниме анкетните листови кои сега ќе бидат помали во обем, заради тоа што електронски веќе голем дел од податоците се собрани во Заводот за статистика. Април 2021 година си е месецот за спроведување на пописот, потенцираше премиерот.

Претходна вестМладо момче се удави во базен
Следна вестАрсовски: Димова доделила 125.000 евра за проектот „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ