Загаден воздух пак изутринава дишат скопјани, покажуваат податоците на двете интернет страници што ја мерат загаденоста на воздухот. Според страницата Iqair.com индексот на загадувањето на воздухот околу 6 часот е 152 и со што македонската метропола е рангирана на 13 место во светот според загаденоста. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички со концентрација 56,7 микрограми на кубен метар воздух.
-Воздухот е нездрав за дишење. Не треба да се излегува надвор за физички активности, носете маска и затворете ги прозорците, препорака е што ја дава ова интернет – страница.
Најзагаден град во светот утринава е Карачи, Пакистан, со индексот 278.
Нездрав воздух во Скопје покажуваат и податоците на интернет-страницата waqi.info. На неа, најзагаден воздух се има во Ѓази Баба, со индексот 164 микрограми штетни честички на кубен метар воздух. Во Ѓорче Петров индексот е 163. Нездрав воздух има и во Тетово, Гостивар, Битола, Струмица…