Загаденоста се пренесе и во новата година, воздухот во Скопје и утрово нездрав за дишење

Прекумерното загадување на воздухот во Скопје продолжи и во новата 2024 година. Мерните станици и утрово забележаа дека воздухот што го дишат граѓаните е загаден премногу и дека не е добар за дишење. Скопје утрово околу 9 часот часот се најде на 13-то место по загаденост во светот, при што измерениот индекс на загадување е 160.

Специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет предупредува дека воздухот е „нездрав“ за дишење. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 73,5 микрограми.

Советот до граѓаните е да носат маски кога излегуваат надвор, да не прават физички активности надвор од домовите и да си ги држат затворени прозорци во своите живеалишта.

Прекумерното загадување на воздухот беше присутно и во изминативе денови, но тоа не предизвика реакција на надлежните органи.

Најзагаден град во светот утрово е Дака, Бангладеш, со индекост 268.

Прекумерно загадување покажува и интернет страница waqi.info. На неа се гледа дека утрово најзагадено е во Аеродром на булеварот улицата „Трета македонска бригада“ со индексот на загадување од 194. Во Гази Баба, со индексот е 181, додека во Лисиче е 160.

 

Претходна вестСе празнува Игнатовден, денот кога започнуваат подготовките за Божик
Следна вестНајмалку 48 луѓе загинаа во земјотресoт што ја погоди Јапонија