Загина 16-годишно момче, а тројца се повредени во судар на мотоцикли

Загинат малолетник и три тешко повредени лица е последица на тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа во село Кадино, скопско. Во кобната сообраќајна несреќа учествувале два мотоцикла со кои се превезувале четири млади лица.

Полицијата соопшти дека доцна синоќа, во 23: 45 часот било пријавено дека во с.Кадино, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, Скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЗасилува шверцот: Кај Демир Капија во камион најдени 103 мигранти, кај Липково 45
Следна вестПодобро нови избори отколку Македонија да биде губитник од уценето владино мнозинство