Загина 35-годишен охриѓанец при пад во семејниот дом

Едно лице вчера загина при незгодата што се случила во неговиот дом во охридско, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера во 18.35 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортира лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.

-Од преземените мерки констатирано е дека се работи за Н.С.(35) од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом. За настанот, известен е јавен обвинител а по нивно барање, телото е предадено на семејството, јави СВР Охрид.

Претходна вестОблачно со локални врнежи од дожд
Следна вестНа малолетник од Тетово му пукнала петарда во уста