Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила денеска. Имено, триесет и шестгодишен битолчанец загинал во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на магистралниот пат Битола – Прилеп.
Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 05.25 часот кога комбе, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.