Загина 42-годишен мотоциклист, излетал од патот Скопје – Велес

Тешка сообраќајка со смртни последици на автопатот Скопје – Велес. Имено, вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на споменатиот автопат во близина на тунелот „Бадар“, мотоцикл „Дукати“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е. А. (42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје

Претходна вестОбвинителство: Приведени 17 лица, овозможиле бегство на лице осудено за убиство
Следна вестИма ли јунаци подготвени за ТВ дебата или само се силат, но си седат во својот двор?