Загрижувачки, стана секојдневие: Секој шести казнет возел без возачка дозвола

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 380 мерки, меѓу кои 59 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за контролите извршени во изминатово деноноќие.

Возењето без возачка дозвола стана секојдневие во Скопје. Полицијата лови такви лица, но дали е доволно со оглед на фактот дека ипонатаму на скопските улици има многумина кои никогаш не полагале возачки испит, а станале шофери?

Инаку, во информацијата се наведува дека се изречени и  39 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила и 31 казна за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираат од МВР.

Претходна вестПроменливо облачно со повремен дожд
Следна вестБолниците се полнат со заразени од вирусот, се обезбедуваат ли нови легла?