Загрижувачко: 15 возила за јавен превоз на патници имале неисправни сопирачки, волани…

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје поради технички неисправности, соопшти МВР.

Имено, полицијата во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

– Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден, соопшти МВР.

Претходна вестМладите нека остануваат во Македонија, тие отидоа во Вашингтон и во Виена
Следна вестОд 12 октомври влез во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест