Загрижувачко: Со неисправни сопирачки возеле 30 возила за јавен превоз

Вкупно 30 возила кои вршеле јавен превоз на патници по градовите во Maкедонија имале неисправни сопирачки, соопшти денеска МВР.

Полицијата информира дека при вчерашната сообраќајна котрола на возила кои вршат јавен превоз на патници вкупно биле санкционирани 57 возила.

-Од нив, било утврдено дека 30 возила имале неисправни кочници, а четири биле со неисправен систем за управување, додека другите биле со други видови неисправности, информираат од МВР.

Да се надеваме дека ќе има почести вакви контроли, затоа што голема е веројатноста да има уште возила со неисправни кочници на патиштата. И тоа не само во јавниот превоз.

Претходна вестЗа една недела бројот на активни случаи на Ковид-19 се намали за над 3.300 лица
Следна вестМакедонија воведува санкции за Русија – ќе се приклучи на оние од ЕУ