Загрижувачко: За еден ден пријавени седум тепачки во скопско

Невообичаено голем број на физички пресметки забележала полицијата вчера на скопското подрачје. За само еден ден добиени се пријави за седум пресметки кои што се случувале на различни локации што е значително повеќе од вообичаените дневни просеци од два-три вакви инциденти.

Вчера лицето С.Т. (27) од Станица Зеленикото пријавило дека бил физички нападнат прексиноќа vо 23.37 часот. Полицијата, пак, добила и информација дека во Поликлиниката Драчево со повреди од остар нож биле донесени лицата С.К. (28) и С.Ќ. (25) од село Страхојадица кои изјавиле дека повредите им ги нанело лицето С.Т.

Пријава е добиена и од лицето А.А. (24) од скопско село Горно Оризари кое вчера на полицијата и кажало дека на 1 септември со метален предмет било нападнато од две лица – Н.Б. и К.М. од Велес на негово работно место во Автокоманда. Во полициска станица во Кисела Вода, пак, М.С. (30) пријавил дека на улица „Антон Попов“ бил нападнат од лицето З.К. кое притоа му се заканило и со пиштол.

Жител на село Копаница И.Ш. (28) на полиција вчера и пријавил дека е нападнат од Г.А. зад угостителски објети на улица „Џон Кенеди“, а пријава е добиена и за Д.И. (27) од Скопје за физички напад врз една малолетничка и нејзината мајката Д.Л. (44) на улица „23 Октомври“.

-Вчера лицето Б.Л.  (24) пријавило дека во угостителски објект на улица „Палмиро Тољати“ во 23.45 часот било физички нападнато од едно лице, а во обложувалница на улица „Ѓорче Петров имало физичка пресметка меѓу А.А. (70) и М.Г. (32) од Скопје, информира полицијата.

За сите овие случаи полицијата вели дека се води истрага.

Претходна вестНови 30 дена притвор за Усеини и брат му, судот се сомнева дека ќе избегаат
Следна вестДва багера денеска продолжуваат со уривањето на дивоградбата пред „Мавровка“